ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Блокадата на Собранието според опозицијата ефикасна, за власта неуспешна

Работата на Собранието на Република Северна Македонија изминатите три дена се одвива со најавените активности на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за активна блокада, преку реплики, барања за промени на дневниот ред, процедурални забалешки… По такви дводневни активности завчера вечерта во тензична атмосфера беше усвоен дневниот ред на 71 седница, по што од владејачката СДСМ оценија дека блокадата на опозицијата е неуспешна, но од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека таа е ефикасна и најавија нејзино продлжување се до постигнување на целта – одржување предвремени парламентарни избори. Од двете партии изнесоа меѓусебни обвинувања за неработење и неодговорност кон државата и граѓаните.

-Блокадата на Собранието создадена од ВМРО-ДПМНЕ нема да доведе до предвремени парламентарни избори. Парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, рече вчера на прес-конференција  Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, пак ги обвини пратениците од СДСМ дека не си ја заработуваат ниту платата, истакнувајќи дека во период од јули до декември минатата година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ. Бројките од активностите во Собранието, како што рече, покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата.

-Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори. Од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со предлагање на законски решенија за подобар стандард на граѓаните, најави Стојановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button