ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Блокиран Балкан“ на преминот Табановце

„Отворен Балкан“ не работи на Табановце. Долгите колони камиони на царинскиот терминал меѓу С Македонија и Србија предизвикаа реакција на Стопанската комора. Делницата „Отворен Балкан“ за превоз на стоки на преминот Табановце во текот на летото се користи за колони автомобили. Од Комората велат дека нашле слаби точки на кои треба да се интервенира со зајакнување на струјата за да не паѓа системот, специјална лента за празни шлепери, непречено функционирање на двете ваги.

Возачите на камиони, доколку пристигнат во колоната на царинскиот терминал во 16 часот, треба да чекаат до следниот ден во 7 часот. Тоа се случува затоа што инспекторите на фитосанитарната управа и Агенцијата за храна и ветеринарство не примаат документи иако работат до 19 часот. Превозниците велат дека и ова не е доволно, па бараат сите служби да работат во три смени и да отворат повеќе ленти со еден шалтер за влез и излез и со Србија и со Албанија.

За месеците јули-август, во царинската поставка влегле и излегле околу 60.000 камиони, не сметајќи ги оние што само транзитирале низ С Македонија. Секој ден се прават колони до 2 километри со по 30-40 камиони, за кои се вели дека чекаат по 2-3 часа. Комората ги повикува Царинската управа и Министерството за внатрешни работи што поскоро да преземат чекори за олеснување на сообраќајот на стоки.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button