ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Блокирана крстосницата кај ТЦ Мавровка

Приватните превозници вклучени во јавниот линиски превоз денеска протестираат и целосно ја блокираат крстосницата кај Мавровка во сите правци, односно булеварот „Гоце Делчев" и булеварот „Крсте Петков Мисирков".

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз”, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 луѓе.

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово со почеток во 7 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварите .„Гоце Делчев” и „Крсте Петков Мисирков” како и на околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button