ВЕСТИРЕГИОН

Блокирана работата на бугарскиот Парламент, неколку партии бараат комисиска седница за С. Македонија

Втор ден по ред е блокирана работата на бугарското Собрание. Причината е што ГЕРБ, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“ не влегуваат во салата, па Парламентот нема кворум за работа.

„Очигледно е важно да се изгласа недоверба на Владата, но не и Народното собрание да продолжи со нормалниот тек на работа“, изјави потпретседателот Мирослав Иванов.

Вчера Собранието требаше да избере нов претседател на Собранието, но тоа не се случи и по неколку обид да се обезбеди кворум. Беа пријавени 112 пратеници, а потребно за кворум се 121 пратеник. Во средата немаше ниту редовна седница на Парламентот, а беше саботиран и состанокот на парламентарната комисија за надворешни работи, на кој треба да се разгледува бугарскиот став за таканаречениот француски предлог за решавање на кризата меѓу Софија и Скопје.

Но, подоцна во текот на денот пратениците се собраа на вонредна седница за да ѝ изгласаат недоверба на владата на Кирил Петков. Денеска неколку партии од опозицијата, но и досегашни владејачки партии бараат комисиска седница за Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button