ВЕСТИРЕГИОН

БНР: До крајот на денот францускиот предлог за Северна Македонија ќе биде испратен до бугарската влада

Француската амбасадорка во Бугарија Флоранс Робин денеска имаше средба со пратеници од Групата за пријателство со Франција во бугарскиот Парламент. На средбата која не беше официјално најавена, учествуваа и претставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што пренесе Бугарското национално радио, се очекува во текот на денов и официјално да биде испратен до бугарската влада францускиот предлог за отстранување на ветото наметнато од Бугарија на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Францускиот предлог, кој ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, според објавените неофицијални информации, предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button