ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бочварски: Бараме предлози како да го подобриме законот за дивоградби

Уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да издискутираме со јавноста, пратениците, експертите,.. да најдеме решение со цел да им помогнеме на граѓаните. Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Законот, нагласи, секако дека не  идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.

– Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме  пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите, рече Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button