ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бочварски нема одговор зошто доцни автопатот Скопје – Блаце

Министерот за транспорт Благој Бочварски не ја кажува причината зошто првата делница од автопатот Скопје – Блаце долга само два километри доцни повеќе од една година. Наместо детали за тоа каде е блокирана работата, министерот одговара за вториот дел од патот за кој Алсат не побара одговор.

„Скопје – Блаце се работи и на првата делница, а втората се подготвува за тендерска постапка. Втората делница која што е покомплексна и поголема, со 25 проценти тунели на самата делница, проектот е кон самиот крај“, рече Бочварски.

Министерот денеска не одговори ниту на прашањето дали чувствува тој одговорност за доцнењето со реализацијата на градежните работи, ниту дали има одговорност кај директорите на Јавното претпријатие за државни патишта. На 15 ноември 2021 година министерот Бочварски изјави првата делница ќе биде готова до средината на оваа година.

„На мене ми е навистина драго што оваа прва делница има 50 отсто реализација и таа ќе продолжи очекувањата се да заврши кон средината на следната година“, велеше Бочварски.
Министерот не одговори ниту на прашањето на Алсат за евентуална одговорност на надлежните за доцнењето или грешките во работата. Директорот на ЈПДП пред неколку дека соопшти дека на првата делница се појавиле непредвидени проблеми. Потребно е сега од ново да се проектира потпоред ѕид долг 280 метри и 23 метри висок.

„Сега ние треба да отвориме нов процес за избор за тие дополнителни работи за два километри“, рече Ејуп Рустеми директор на ЈПДП.

Наместо првичните 100 милиони евра како што од владата најавуваа, ова автопатското поврзување долго 12 километри со Косово доби нова цена која сега изнесува 186,7 милиони евра. Тоа значи дека еден километар автопат ќе чини речиси 20 милиони евра, а со тоа ќе го добие и приматот на најскап автопат не само во регионот туку и во Европа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button