МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Општина Центар нема доставено елаборат за суспензија на планот кај Холидеј Ин

Министерот за транспорт Благој Бочварски контра градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во врска со суспензијата за ДУП-от за изградба на висококатници спроти ГТЦ. Бочварски тврди дека до министерството нема пристигнато елаборат за суспензија на планот, иако градоначалникот неколку пати во јавноста изјавуваше дека овој документ е испратен. Одлуката за тоа дали ќе биде стопирана изградбата на висококатниците спроти ГТЦ ќе биде донесена денеска на седница на општина Центар по што ќе се информира јавноста вели Бочварски.

„Нивна е одлуката која што ќе ја донесат денеска на седница на Советот на општина Центар и потоа ние очекуваме да видиме дали ќе одат во насока на барање на стопирање на некој од плановите, дали се работи за цел план или за дел од план. Веднаш потоа во рок од 15 дена ние имаме обврска да дадеме мислење на тоа и се враќа повторно во Советот на општината на конечна одлука“, рече Благој Бочварски- министер за транспорт и врски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button