ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Боки 13 побара изземање на судијката во предметот Меѓународен сојуз

Боки 13 со нови обвинувања – Кривичниот суд и судијката која му суди биле политички инструирани. Шоуменот во судница ги повтори обвинувањата дека се сомнева дека целиот случај против него е политички мотивиран. На минатото рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, побара изземање на судијата. Денеска му соопштија дека предлогот е одбиен, па побара пак, судијката да не му суди за овој случај.

„Поднесувам ново барање поради сомневање дека судијката е политички инструирана и поврзана со претседателот на овој суд за кој знам како е избран на оваа функција. Се сомневам дека се работи за политички предмет и дека овој судечки совет е контролиран политички, од премиерот Зоран Заев и сите други високи функционери“, вели Боки 13.

Поранешната пратеничка од СДСМ исто така обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ посочи дека, докази против неа нема. Смета дека таа е дел од обвинението за да добие политичка тежина а најави и кривични пријави за полицајците и обвинителите кои според неа извршиле незаконски претрес во нејзиниот дом и одзеле документи.

„Ќе има кривична одговорност за сите инволвирани во случајот за злоупотреба на нивните овластувања а дополнително пред судот ќе ги изнесам документите кои што ми беа земени од домот, за кои немаше причина да ми бидат земени“, рече Ременски.

Во случајот со хуманитарната оргазнизација „Меѓународен сојуз“ Боки 13 е обвинет за измама и перње пари. Две негови помошнички се обвинети за помагање, додека Фросина Ременски се гони за помагање при измама. Обвинет е и татко му на Боки, Миле Јовановски. Според обвинителството, Боки со измама извлекол околу еден милион евра од бизнисмените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски за изградба на наводни старски домови.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button