СПОРТ

Бокс, Марку подобар од Луисето

Флоријан Марку ја забележа 10-та победа во професионалниот ринг, откако со едногласна одлука на судиите го совлада Јорик Луисето. Албанскиот боксер доминираше на рингот во Лондон, приредувајќи спектакл во 8-те одржани рунди во англиската сала. Марку на моменти докажа дека е супериорен во однос на противникот, спуштајќи ја одбраната и дозволувајќи му слободно да го удри Луисето, но без да може да го собори албанскиот боксер. Судиите во оваа пресметка му доделија максимални бодови во секоја рунда на Флоријан Марку, за да ја осигураат јубилејната победа во професионалниот ринг. Сега Марк брои 10 победи и едно нерешено, додека Јорик Луисето го забележа третиот пораз, на 14 меча, каде има 11 победи..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button