ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бомгартнер: Нашиот став не е променет, но се зависи од Скопје и Софија

Францускиот став во однос на Северна Македонија во ЕУ не е променет, но се зависи од можноста двата главни града, Скопје и Софија да постигнат договор, изјави вечерва амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер.

– И тој договор кога и едната и другата страна ќе го потврдат ќе може да се оди напред. Затоа е многу важно да се води дијалог помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Сега се наоѓаме во фаза кога ставовите се прецизираат од двете страни на границите, вели Бомгартнер во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Амбасадорот вели дека тие како држава претседавач со Советот на Европската Унија и со сите партнери и европски институции го следат со големо внимание сето она што се случува во земјата.

– Тука сме да бидеме претпазливи но и стоиме на располагање да бидеме корисни, нели откако страните ќе сметаат дека тоа е неопходно, но целта е секогаш истата тоа значи да се постигне праведен договор за двете страни за да можат во европски рамки без да се чека да се отворат преговорите за членство за Северна Македонија и за Албанија. И ќе додадам дека поради важноста на ова прашање кое што го следи и самиот претседател на Републиката за развојот на сите земји од регионот за време на француското претседателство ќе се организира посебна конференција помеѓу Европската Унија и земјите од западен Балкан и таа конференција ќе биде организирана во текот на месец јуни, вели Бомгартнер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button