ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Борбата трае е слоганот на овогодинешното одбечежување на Илинденското востание

Борбата трае е слоганот на овогодинешното одбечежување на Илинденското востание

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Пелинце, премиерот Христијан Мицкоски од Крушево, а претседателот на Собранието Африм Гаши од Скопје, денеска упатија честитки по повод одбележувањето на 2 август – денот на Републиката, кој годинава се чествува под слоганот „Борбата Трае“.

Во својот говор пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, Сиљановска се осврна на историјата, борбата за слобода, порачувајќи дека „Илинден е денот на слободата и светлината„.

Мицкоски кој беше дел од централната прослава на Мечкин Камен во Крушево, положи цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите во месноста Слива, а во својот говор им оддаде и почит на борците кои учествувале во креиерањето на Крушевската Република, потсетувајќи на нивната жртва во минатото.

Собранискиот спикер Африм Гаши, откако положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ , им се обрати на сите граѓани нагласувајќи дека со секој втори август, Илинден повторно се раѓа.

Честитка по повод Илинден пред Собранието испрати и лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој потсети на борбата која се водела во минатото за денеска да живееме во слободна држава. Изјава тонско претседател на СДСМ, Венко Филипче Како и секоја година, празнувањето на Илинден и овојпат го одбележа илинденската коњаница со над 150 учесници од целава земјава, кои уште вчера пристигнаа во Крушево. Токму вчера започна и манифестацијата./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button