
Најостро го осудувам страшниот напад на вооружена банда врз припадниците на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните виновници мора да се соочат со правдата, реагира високиот европски претставник Жосеп Борел.
Жителите на селото се уште се во околината каде се пукаат, а тоа го потврдува и самиот Борел.
„Загрозени се невини животи во конфликтите кои се уште траат во околината на манастирот Бањска. Овие напади мора веднаш да престанат“, рече тој.