РЕГИОН

Борел пред состанокот во Брисел: За Западен Балкан нема друга цел освен полноправно членство во ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе одржат расправа во Брисел за посилен политички ангажман на Унијата со партнери од Западен Балкан, а пред нејзиниот почеток високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската комисија Џозеп Борел рече дека Унијата сака да му понуди на регионот подобра европска перспектива.

Борел најави дека состојбата на Западен Балкан е една од најважните теми за кои ќе разговараат министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Ние сакаме да имаме нов увид во ситуацијата на Западен Балкан и да видиме како можеме повеќе да се вклучиме во регионот“, рече Борел.

Тој ја истакна важноста на Западен Балкан за ЕУ и додаде дека на состанокот ќе се разговара за начините „да му се понуди на регионот подобра и посилна европска перспектива“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button