ВЕСТИРЕГИОН

Борел: Предлозите на ЕУ носат значителни придобивки за Белград и Приштина

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел синоќа во Брисел изјави дека напредокот во процесот на нормализирање на односите врз основа на предлогот на ЕУ за Косово, претставен пред Белград и Приштина, ќе донесе значителни придобивки за двете страни. По состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, Борел им рече на новинарите дека тоа е „единствениот начин да се прекине магичниот круг на кризата на терен и да се намали ризикот од натамошна ескалација“. „Очекуваме сериозна посветеност и подготвеност (на двете страни) за конструктивен ангажман со цел да се постигне напредок врз основа на предлогот (ЕУ)“, рече Борел.

Тој исто така наведе дека ги информирал шефовите на земјите-членки на ЕУ за разговорите што специјалниот претставник за дијалог Мирослав Лајчак заедно со претставниците на САД, Германија, Франција и Италија во петокот ги имале во Белград и Приштина со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Косово Албин Курти. Минатонеделната посета беше со цел да се подготви следната рунда лидерски разговори во Брисел како дел од дијалогот за нормализација на односите, по можност веќе во јануари. Претседателот на Србија и премиерот на Косово во минатата година се сретнаа двапати во контекст на дијалогот, во август и ноември, но ниту една средба не даде резултат.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button