ВЕСТИСВЕТ

Борел: Војната на Русија против Украина е напад врз темелите на ОН

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел пред Советот за безбедност на ОН изјави дека руската војна против Украина е напад врз темелите на светскиот поредок и дека неутралноста во тој конфликт значи поддршка за агресорот. Борел преку видеоврска рече дека Русија води војна против Украина на европско тло, но дека тоа не е европска војна, туку „напад врз темелите на ОН и Советот за безбедност, од нејзината постојана членка“.„Пред агресијата, никој не може да биде неутрален.

Да се биде неутрален во овој случај значи да се биде на страната на агресорот. Никој не може да живее безбедно во свет каде што незаконската употреба на сила е нормализирана или толерирана“, рече Борел. Тој рече дека руската војна против Украина веќе остави десетици илјади мртви и над пет милиони бегалци, предизвикувајќи ја најбрзо растечката бегалска криза од Втората светска војна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button