ВЕСТИРЕГИОН

Борисов: Ако ја бутнеме и владата во Скопје, значи Петков е сојузникот на Путин на Балканот

Ја повикувам владејачката партија да ги достави буџетот и францускиот предлог за Северна Македонија во парламентот, порача лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесува Вести.бг.

На нова средба со пратениците од ГЕРБ, тој ги повика да разговараат со пратениците од другите парламентарни партии и да се донесе одлука за Република Северна Македонија.

Според него, владејачката партија паднала од власт поради ароганција, што довело и до нејзина изолација во парламентот.

Тој не го криеше ниту својот гнев, испровоциран од зборовите на Кирил Петков дека денеска не може да се започне процесот.

„Да не ја скршиме владата на Северна Македонија и да не правиме штета. Ако се случи ова, вие господине Петков сте сојузник на Путин на Балканот! Затоа, ве молиме, наредете и на вашата партија да придонесе, да биде лидер. Денеска ќе си заминете со одлука и сите ќе ви аплаудираат“, му порача Борисов на Петков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button