ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Борисов на средба со Бучковски: Решенија можат да се најдат на преговарачка маса

Отсекогаш верував дека решенија можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да им простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија, ако не најдат компромис што ќе даде перспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов не средба со специјалниот пратеник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски.

Како што соопшти Прес-службата на бугарската Влада, Борисов истакнал дека за изнаоѓање на одржливо и трајно решение за „преостанатите отворени прашања во билатералните односи“, потребен е „прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности“.

Според Борисов, за враќање на меѓусената доверба ќе биде потребно стриктно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, склучен меѓу двете земји во 2017 година.

– Бугарија отсекогаш ги почитувала евроатлантски вредности и затоа темата за европската перспектива на Западен Балкан ја ставаме на прво место за време на нашето претседавање со Советот на ЕУ, нагласи Борисов.

Според него, Бугарија досега вложила максимални напори за интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ, па во тој контекст како резултат на бугарската поддршка за европската иднина на Република Северна Македонија е потпишан и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button