РЕГИОН

Борисов повика Бугарија да го финализира францускиот предлог

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен лидер на ГЕРБ денеска посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, јави БГНЕС.

Тој соопшти дека Извршната комисија на ГЕРБ го разгледала предлогот за РСМ и повика на финализирање на договорот.

– На тема РСМ, навистина им посакувам успех на колегите во Софија да го финализираат договорот, за да можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и дека биде успешно, како што заслужува, рече Борисов.

Во меѓувреме, се огласи и француската амбасадорка во Софија Флоренс Робин, која исто така, побара брзо усвојување на договорот во Бугарија.  Според амбасадорката Флоранс Робинс, последниот предлог е ист со документот кој претходно го усвои бугарскиот Парламент.

– Тој (предлогот) не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во земјата, изјави таа за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не вршел притисок врз Бугарија во спорот“.

– Документот е поставен во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Северна Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата, рече Робин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button