ВЕСТИРЕГИОН

Борисов: Радев му го скрати маневарскиот простор на Петков за С Македонија

Екс премиерот на Бугарија и лидер на партијата, ГЕРБ, Бојко Борисов, денеска излезе со коментар по вчерашната средба на Советодавниот совет за национална безбедност. Како што оценува тој, средбата била сосема непотребна, но сепак, на неа претседателот на државата, Румен Радев, му оневозможил каков било маневарски простор на премиерот Кирил Петков, пренесува „Труд“.

„Договорот за добрососедство со Република Северна Македонија е толку прецизен и јасен во секоја област што едноставно мора да биде имплементиран од двете страни. Советодавниот совет за национална безбедност (НСС) беше непотребен, само го покажа тоталниот хаос во којшто се наоѓа државата. Вчера претседателот Радев му одзеде секаква можност за маневар на премиерот Кирил Петков“, рече Борисов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button