ВЕСТИРЕГИОН

Борисов се премисли: ГЕРБ ќе гласа против влада на „Има таков народ“

На мандатарот сега ќе му бидат потребни повеќе од 89 гласа во бугарскиот парламент и поддршка од повеќе политички сили за избор на предложениот кабинет, така што повторно се става во оптек опцијата за „трети избори“

Повторно се зголемува политичката неизвесност во Бугарија околу изборот на нова влада, откако, по неодамнешните втори по ред парламентарни избори, претседателот Румен Радев му го даде мандатот на пратеникот Пламен Николов од партијата „Има таков народ“, на Слави Трифонов.

До неодамна владејачката партија ГЕРБ, според последните информации, нема да поддржи влада на „Има таков народ“, ниту со пад на кворумот, ниту на кој било друг начин.

„Ние ќе влеземе во салата и ќе гласаме против “, изјави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за софиски „Дневник“.

Борисов изјави дека го свикува извршниот комитет на партијата во 10 часот за да донесе формална одлука.

Како што се посочува во написот на „Дневник“, доколку одлуката се објави јавно, тоа значи дека другите политички формации ќе знаат пред разговорите со „Има таков народ“ каква ќе биде, како што ја нарекуваат, „аритметика“ за избор на влада.

Иако во саботата изјави дека ГЕРБ може да ја напушти пленарната сала во бугарскиот парламент за време на гласањето на предложениот состав на новата влада, вчера Борисов најави дека конечната одлука ќе биде донесеа денеска и дека најверојатно ќе им сугерира на сопартијците да не го поддржат предлог-кабинетот на „Има таков народ“.

Во случај пратениците на ГЕРБ да излезат од салата, тоа ќе го намали кворумот и владата може да биде избрана од 89 пратеници, за што би биле доволни гласовите на „Има таков народ“ и на БСП. Ако партијата остане на гласањето, изборот на кабинет ќе бара повеќе гласови – до 121, во зависност од тоа колку пратеници ќе бидат присутни во салата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button