ВЕСТИРЕГИОН

Борисов вели дека нема претседателски амбиции, ама дека е подготвен повторно да биде премиер

Никогаш не сум бил заинтересиран за претседателската функција“, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Како што јави БГНЕС, тој изјави дека партијата наскоро ќе го објави својот претседателски кандидат.

На прашање дали е подготвен повторно да биде премиер, тој рече „никој не е подобро подготвен“.

Лидерот на ГЕРБ коментираше и за претстојните парламентарни избори.

„Што ќе постигнат овие нови избори? Што ќе се смени меѓу партиите да се засакаат и да направат влада? Тогаш Радев ќе ја префрли целата вина врз партиите и ќе излезе сув од вода, а сите оние во парламентот можеби нема да бидат таму “, додаде Борисов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button