КОШАРКАСПОРТ

Бостон продолжува да гази, победа за Голден Стејт

Бостон останува најдобриот тим во НБА оваа сезона, со 14 победи. Во последниот натпревар, Бостон го совлада Далас со 125-112, каде 6 играчи на Бостон постигнаа преку 10 поени. Најдобри беа Тејтум со 37 поени и 13 скока, како и Браун со 31 поен, додека кај гостите се истакна само Лука Дончиќ со 42 поени.

Голден Стејт се врати на победите, и тоа против Лос Анџеле Клиперс, со резултат 124-107. Вигинс со 31 поен и Кари со 22 ја направија разликата на паркетот.

Тимот на Милвоки повторно разочара, и поразен е на негов терен со 118-113 од Чикаго. Џанис постигна 36 поени и 11 скока, додека кај Булси се истакна Дерозан со 36 поени.

Како гостин Бруклин стигна до победа против Торонто со резултат 112-98, каде се истакна Ирвинг со 29 поени.

Детроит, благодарение на 23-те поени на Богдановиќ, го победи Јута Џез со 125-116, додека Шарлот со 107-101 славеше над Филаделфија.

По продолжението,  Денвер стигна до победа против Оклахома со 131-126. На овој натпревар Јокиќ стигна до 39 поени и 10 скока.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button