ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бранимир Јовановиќ: „Фатмир Бесими е вистинската адреса за повисоки плати“

Бранимир Јовановиќ: „Фатмир Бесими е вистинската адреса за повисоки плати“

Министерот за финансии Фатмир Бесими се прогласи за ненадлежен за зголемување на платите во јавниот сектор. Но, во исто време, стана надлежен да ја мери продуктивноста на работниците во администрацијата за да се видело кој колку работи. Во текот на преговорите меѓу СОНК и владините претставници по првата одбиена понуда за зголемување на платите за 12 проценти во образованите, министерот Бесими во колумна ги искара наставниците дека имаат ниска продуктивност, а со тоа слаби биле и резултатите на учениците.

„Образовниот систем не секогаш успева да обезбеди квалитетно образование, што е на штета на креирањето човечки капитал, а понатаму и на штета на продуктивноста и на животниот стандард на една нација“, изјави Фатмир Бесими-Министер за финансии.

Но, по договорениот раст од 15 проценти за платите во образованието, продуктивноста во образованието власта го заборави. Но, повторно го издигна како предуслов откако останатите синдикати и администрацијата побараа екстра 2.806 денари.

„Треба да се договори сеопфатна методологија со која ќе се прилагодат платите во целиот јавен сектор. Во оваа методологија ќе се вреднува продуктивноста, како и одржувањето на стандардот“, нагласи Фатмир Бесими-Министер за финансии Колумна.

Според експертската јавност, токму Министерството за финансии е точната адреса на која работниците во јавниот сектор треба да бараат зголемување на нивните плати. Продуктивноста е само изговор Владата да не го реализира она што го ветила, вели професорот Бранимир Јовановиќ.

„Toa што министерот го кажа дека тој не може да предвиди повисоки плати во ваква ситуација е само изговор и тоа невешт изговор, бидејќи министерот за финансии може во било кој буџет да предвиди повисока маса на плати од таа што претходно била планирана… вистината е дека Владата не сака да ја зголеми платата на административците“, Бранимир Јовановиќ- Поранешен советник во финансии.

Зголемувањето на платите согласно растот на минималната е законска обврска која државата треба да ја исполни во рок од шест месеци откако во март законски го зголеми минималецот. Синдикатите добија ветување од владините претставници дека ќе добијат повеќе пари, но тоа исчезна во предлог-ребалансот на буџетот што треба да се гласа следниов месец.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button