ФУДБАЛ

Бразил – Незадоволни навивачи се обиделе да уништат „ВАР“ систем

Страшни сцени доаѓаат од Бразил, по крајот на натпреварот помеѓу Гремио и Палмеирас, на кој гостинската екипа забележа победа од 1:3. Навивачите на домашниот тим, незадоволни од резултатот, влегоа на терен и се обидоа да ги уништат „ВАР“ мониторите. Фудбалерите на Гремио се обидоа да побегнат кон соблекувалните, додека на зелениот терен настана вистински хаос. Група навивачи се спротивстави на обезбедувањето удирајќи ги со тупаници, но по појавувањето на полицијата навивачите се повлекле на трибините и ситуацијата се смири. Да потсетиме дека Гремио е на претпоследното место, со 15 порази од 27 натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button