СПОРТФУДБАЛ

Бразилецот Да Силва ново засилување на Шкендија

Бразилскиот напаѓач Игор Вандерсон Да Силва е најновото засилување на Шкендија. 24 – годишникот потпиша договор на 1,5 година со „црвено – црните“. Да Силва ја започна својата кариера во бразилскиот тим Метрополитано, додека во 2018 година од Барбаренсе премина во Турција, во тимот на Газиантеп, додека во 2019 година се пресели во Бурсаспор. По Рубин Хебајт и голманот Ферат Рамани, Да Силва станува третата аквизиција на „црвено-црните“ во овој преоден рок и Бразилецот ќе го носи дресот со број 13.

„Многу е добро чувството да се биде тука. Сè е ново за мене, учејќи секој ден за градот, за тимот. Многу ми се допадна тоа што го видов овие два дена во градот. Верувам дека моите амбиции се исти како оние на клубот. Тука во клубот се сретнав со раководните лица и тие разговараа со мене за целите на клубот, да бидат шампиони и да работиме за европските купови, а тоа се и моите цели. Кога ми дојде понудата, го истражував клубот и градот, и тоа беше љубов на прв поглед. Од мене може да се очекува многу посветеност кон клубот. Јас сум многу професионален тип, ветувам многу посветеност на теренот, голови и добри настапи“, изјави Да Силва.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button