СПОРТ

Британски медиуми – Истанбул вторпат по ред нема да биде организатор на финалето во Лигата на шампионите

Британските медиуми, „Би-Би-Си“ и „Скај Спорт“, од извори во УЕФА, објавија дека Истанбул, вторпат по ред, нема да биде организатор на финалето во Лигата на шампионите. Според британските медиуми, финалето на 29 мај ќе се одржи во Португалија на стадионот „Драгао“ во Порто. Одлуката се очекува да биде одобрена од УЕФА, бидејќи во Португалија има помалку ограничувања и полесно може да одат радиодифузерите, спонзорите и техничкиот персонал кој е ангажиран околу организацијата на големото финале. Да се потсетиме, Португалија не е на списокот на забранети земји за Велика Британија и навивачите можат лесно да патуваат, без да поминат низ 10 дневен карантин, на враќање од Португалија. Во финалето се две англиски екипи, Манчестер Сити и Челзи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button