СВЕТ

Британскиот министер за здравство сменет откако ѝ посака смрт на пензионерка

Министерот за здравство на Обединетото Кралство, Ендрју Гвин, е сменет и суспендиран од Лабуристичката партија поради навредливи коментари што ги објавил на апликацијата Ватсап. Имено, како што пренесува „Гардијан“, Гвин ѝ посакал смрт на пензионерка која не гласала за него. Тој, исто така, е обвинет дека напишал серија други пораки кои содржеле расистички и сексистички коментари.

„Премиерот Кир Стармер е решен да одржува високи стандарди на однесување во јавната служба и да води влада која им служи на работниците. Тој нема да се двоуми да преземе мерки против секој министер кој нема да ги исполни тие стандарди, како што направи во овој случај“, изјавил владиниот портпарол.

Според „Гардијан“, 50-годишниот министер за здравство и пратеник од Лабуристичката партија, кој неодамна беше реизбран во парламентот за окрузите Гортон и Дејтон во Манчестер, одговорил многу грубо на барањето на една 72-годишна пензионерка да го реши проблемот со депонирањето на отпадот. Нејзината порака била споделена во група за комуникација на Ватсап.

„Драга жителке, по ѓаволите со твоите канти за отпадоци. Јас бев реизбран без твојот глас. Оди во пеколот. П.С. Се надевам дека ќе бидеш мртва до следните општи избори“, одговорил Гвин на нејзиното барање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button