ВЕСТИРЕГИОН

Брнабиќ: Ќе ѝ помогнеме на С. Македонија во регистрација на вакцината

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев се договориле Србија да и помогне на С.Македонија со 8.000 дози, рече Брнабиќ во изјава за ТВ Хепи. Таа додаде дека задачата на Владата на Србија за помош на земјите од регионот е дадена од претседателот Александар Вучиќ, со образложение дека „ако нашите граѓани се вакцинираат, а нашето соседство нема вакцина и не е среќно, не можеме ниту ние да напредуваме.“

-Србија помага и во регистрирањето на вакцините во Северна Македонија и на таа соседна земја и е понудено лекарите од црвената зона да дојдат во Србија и да се вакцинираат тука, кажа Брнабиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button