МАКЕДОНИЈА

Брнз: Изразувам најдлабоко сочувство на семејствата што ги загубија своите најмили

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз изрази сочувство за загинатите во автобуската несреќа што се случи доцна синоќа во Бугарија.

– Од име на Американската амбасада, сакам да изразам најдлабоко сочувство на семејствата кои ги загубија своите најмили, и нашата поддршка за повредените, како и за оние на кои срцата им се скршија кога слушнаа за оваа трагична сообраќајна несреќа. Нашите мисли се со Вас во овие тешки времиња, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.

Во исто време, и Амбасадата на САД во Софија изрази сочувство до семејствата на загинатите.

– Ние во Амбасадата на САД со тага ја примивме веста за автобуската несреќа кај селото Боснек. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и се надеваме на брзо закрепнување во тие трагедии, наведуваат од американската Амбасада во Софија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button