ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројни психолози ќе ги поддржат учениците, студентите и членовите на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани

Бројни психолози ќе ги поддржат учениците, студентите и членовите на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани

Над 100 психолози од скопските училишта ќе им пружат психо-социјална поддршка на учениците, студентите и членовите на семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека 32 психолози ја завршиле специјализираната обука, во која се вклучени Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ и веќе даваат директна поддршка на терен. Другите психолози ќе бидат вклучени откако ќе ја поминат денешната обука. Упатени се психолози во Кочани, Виница, Штип, Чешиново-Облешево.

Advertisements

Покрај психо-социјалната помош, на семејствата погодени од трагедијата ќе им бидат издвоени првично по 150 илјади денари, средства собрани на службената сметка на Црвениот крст. Владата ги потсетува граѓаните кои сакаат да помогнат да не станат плен на шпекулациите дека средства може да се донираат и на други сметки кои кружат на социјалните мрежи.

Според податоците на Црвениот крст, досега се собрани 48.172.115,00 денари за семејствата погодени од трагедијата во Кочани./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button