ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на новозаразени со корона вирус е намален за околу 25%

Бројот на позитивни случаи со Ковид-19 е намален за 24,9% во споредба со пред една недела, се вели во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во истиот извештај се вели дека бројот на смртни случаи исто така е намален, односно во текот на минатата недела се евидентирани 142 жртви. Тоа е за околу 50 случаи помалку во споредба со пред една недела. Најголем број жртви имало во Скопје, Струмица, Куманово и Гостивар.

„Заразените се од сите возрасни групи. Најпогодена е возрасната група над 60 години, додека најмалку погодени се оние на возраст од 0-9 години. Во споредба со претходната недела, има намалување на нови случаи кај возрасната група 20-29 години, што е за 40% пониско во споредба со пред една недела, додека зголемување на позитивните случаи има кај возрасната група од 0-9 години (11,8% од претходната недела).“

Во моментов, во цела Македонија бројот на хоспитализирани изнесува 983 лица, од кои 670 се на кислородна терапија.

„По два негативни теста, со статус на оздравени регистрирани се 3.946 кои се хоспитализирани или се на домашно лекување, што е зголемување за 4,6% во споредба со една недела претходно.“

Министерството за образование и наука објави дека до вчера 50 ученици биле позитивни на Ковид. Од почетокот на новата учебна година досега, се заразиле 0,2% од учениците. Од Министерството за образование велат дека училиштата се должни да организираат онлајн настава за децата кои се во изолација. Околу 2% од учениците од основните училишта посетуваат настава онлајн додека во средните училишта околу 7% од нив. Во меѓувреме, Владата одлучи дека наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе се одвива од далечина уште најмалку една недела.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button