ЗДРАВСТВО

Бројот на заболени од индиската КОВИД мутација „делта“ се искачи на 10

Четири нови случаи со мутацијата „делта“ се потврдени во лабораторијата на МАНУ во Скопје. Еден од пациентите е во посериозна состојба, додека другите три имаат полесна клиничка слика. Станува збор за две двојки кои претходно биле во странство. Ниту еден од пациентите не е вакциниран. Министерот Венко Филипче вели дека граѓаните треба да се вакцинираат за да се избегне повторно затворање на земјава.

Филипче вели дека единственото решение за да не се влоши состојбата е вакцинирање на населението. Имунизацијата со Фајзер за деца од 12 до 16 години започнува во понеделник.

Вчера биле вакцинирани 14.084 граѓани, од кои 9.493 со првата доза. Досега се вакцинирани околу 627.000 граѓани, од нив 237.000 со две дози.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button