СПОРТФУДБАЛ

Брозовиќ пред американецот Адамс и австралиецот Ирвин

Останаа уште осум репрезентации во битката за светската титула во Катар. Турнирот се ближи кон самиот крај, а денес започнуваат возбудувањата во четвртфиналната фаза. Хрватска ќе биде еден од кандидатите за највисок пласман. Во своите редови „коцкестите“ го имаат човекот кој истрчал најголем број километри во досегашниот тек од Мундијалот.

Се работи за Марсело Брозовиќ, кој покрил неверојатни 56,26 километри. Далеку зад него е Американецот Тајлер Адамс (49,62), а потоа следува Џексон Ирвин од Австралија (48,96).

Брозовиќ е еден од најдобрите во хрватската репрезентација на СП 2022. Покрај тоа што покрива голем дел од теренот, тој е играчот кој одиграл најмногу додавања и се понудил во најмногу наврати да прими додавање на своите соиграчи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button