ВЕСТИЗАБАВА

Брз и едноставен рецепт за домашни „Walnut Cookies“

Потребни состојки за 30 – 40 колачиња:
– 1 путер
– 2 јајца
– 3 филџани овесни снегулки
-1/2 филџан бел шеќер
– 1 филџан кафеав шеќер
– 100 до 150 гр сецкани ореви
– 200 гр чоколадо за готвење
– 1/2 филџан суво грозје
– 2 филџани брашно
– 1 пакување прашок за пециво
– 1 пакување цимет
– 2 пакувања ванилин шеќер

Важно: За овие мерки користете филџан за топло нес кафе

Подготовка:

Путерот се топи на тивок оган. Се додаваат 2 јајца и се меша со вилушка. Потоа ги додавате останатите намирници (постепено) и се месат со рака. Особено важно е да се измешаат убаво после секоја додадена намирница. Од добиената смеса правите топчиња и ги обликувате во формата на колачиња (обликувањето е слично како подготвување на плескавица). Оформената смеса ја ставате на плех, обложен со хартија за печење. Се пече 10-15 минути на 150 степени, во претходно веќе загреана рерна.
Извор: hybrid.mk
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button