ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија; Денков го врати мандатот

Кандидатот за бугарски премиер на коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), академик Николај Денков, денеска на претседателот Румен Радев му го врати вториот истражувачки мандат за формирање влада.

Заедно со Денков во „Дондуков“ 2 дојдоа и копретседавачите на коалицијата – Кирил Петков, Атанас Атанасов, Христо Иванов, Владислав Панев.

Во претседателската институција не дојде Марија Габриел, која според договорот меѓу ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС за девет месеци ќе треба да ја преземе премиерската функција.

При враќањето на мандатот, претседателот и мандатарот за премиер не се ракуваа.

-Мислам дека сите треба да ја смириме ситуацијата за да знаат луѓето дека кабинетот, Народното собрание и претседателската институција работат заедно за да може земјата да се развива во корист на луѓето и бизнисот, рече академик Денков при враќањето на папката со истражувачкиот мандат.

„Тоа што го очекуваме од Вас е да донесете указ за нова влада, тој да се изгласа во Народното собрание, и доколку собереме мнозинство потоа непречено да ја пренесеме власта како што налага Уставот, рече кандидатот за премиер.

-Во најбрз можен рок ќе донесам указ да го доставите вашиот предлог до Народното собрание, каде што ќе го изгласаат народните избраници, изјави шефот на државата Румен Радев, по прифаќањето на вратениот мандат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button