ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија го доби првиот танкер со американски гас

Бугарија го доби првиот танкер со американски течен гас, соопшти тамошното Министерство за енергетика.

Бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев соопшти дека американскиот течен гас пристигнал и порано од планираното. Неговото истоварување почнало и од денеска Бугарија ќе може да го користи. Растоварувањето на течниот гас од САД ќе трае 18 часа.

Како што објави БНТ, најверојатно гасот ќе дојде од грчкиот терминал Ревитуза преку гасната врска кај Петрич.

Но, има и втора можна дестинација, а тоа е турски терминал.

Детали за испорачаните количини сè уште не се прецизирани.

Американскиот гас за Бугарија е договорен за време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Вашингтон по неговиот разговор со американската потпретседателка Камала Харис и голем број високи експерти и претставници на американската државна администрација.

Ова се случи откако Русија еднострано ја прекина испораката на гас за Бугарија, откако земјата одби да плати во руски рубли бидејќи постои заедничка одлука на ЕУ да ги исполни договорите со „Газпром“ во евра, како што беше договорено при нивното потпишување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button