Бугарија негира дека ставила вето и дека ќе стави нови вета во иднина за интеграцијата на Македонија во ЕУ
Бугарија негира дека ставила вето и дека ќе стави нови вета во иднина за интеграцијата на Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски бара Бугарија со дела, а не со зборови да докаже дека нема да стави вето за интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Мицкоски ова го изјави по изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев во Тирана, дека Бугарија не ја попречува интеграцијата, туку бара спроведување на преговарачката рамка.
Радев, откако ја слушна претседателката Гордана Силјановска Давкова на заедничка конференција како се жали на билатерализација на прашањето за интеграција на земјата и на балканизација на ЕУ, одговори со оптимизам.
„Тука не станува збор за нерешени билатерални прашања, ниту за ставање вето или попречување на процесот како што ѝ одговара на едната страна. Напротив, јасно е според европскиот консензус од 2022 година дека станува збор за внатрешни прашања поврзани со човековите права и Европскиот суд за човекови права. Затоа, овде веднаш сакам да ве уверам дека Бугарија, како најблиска и пријателска страна, има силна желба и е подготвена да помогне вашите државни лидери и општеството што побрзо да ги реализираат барањата и да ги спроведат копенхашките критериуми за членство“, рече Румен Радев, претседател.
Шефовите на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа вчера се собраа на самитот во Тирана за да разговараат за соработката, заедничкиот регионален пазар и планот за расте./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши