ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарски експерт со првична анализа на патната структура и поврзаноста со трагедијата

Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики анализираше снимки од дрон на патната делница на автопатот Струма, каде се случи трагедијата со македонскиот автобус.

Според неа, задолжително е да се провери состојбата на ознаките на патот во оваа делница, како и неколку километри наназад, за да се види дали евентуално нивно отсуство го збунило возачот и не овозможило да го следи патот.

„Сосема е можно знакот за постоење на сообраќаен остров да го немало или возачот да не го видел, или да заспал“, вели Русинова.

Според неа, на фотографиите од дрон јасно се гледа како возачот се обидел да излезе од областа и да го стабилизира автобусот. Потоа следел удар во заштитната ограда.

За неа е дискутабилна и положбата на знакот со кој се означува дека има двоење на коловозната лента.

„Треба да се постави ниско долу за да се покаже дека (двоењето н.з) е таму долу“, објасни Дијана Русинова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button