ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бугарскиот данок за рускиот гас ги даде првите негативни ефекти кај нас

Добавувачите кои имаат директен договор со Гаспром почнаа да ги зголемуваат цените за 10 евра, пресметувајќи го и данокот во Бугарија. Во земјава има два такви добавувачи. Едниот е ТЕ-ТО, а другиот е компанија во Македонија која целосно користи руски гас. Тие веќе стануваат неконкурентни на домашниот пазар поради рускиот природен гас, велат од Министерството за економија. Крешник Бектеши сепка, уверува дека во моментов не зголемување на цената за домашната потрошувачка бидејќи половина од годишната количина била обезбедена пред да се примени транзитната такса за рускиот гас што минува низ Бугарија.

Од 1 ноември парното поскапе за 4,5 отсто за 58.000 потрошувачи во Скопје. Од Регулаторната комисија за енергетика тврдат дека ова било минимално поскапување поради тоа што топлинската енергија се купува по пониска цена од ТЕ-ТО. Во спротивно парното може уште повеќе да поскапи. Министерот информира дека се бара гас од други држави за да нема поскапување.

Нашите власти сè уште немаат добиено одговор од Европската комисија и Европската енергетска заедница по жалбите што ги упатија против воведувањето на данокот за руски гас низ Бугарија. Доколку не се обезбедат, самиот премиер Димитар Ковачевски најави дека може да дојде до поскапување на парното и струјата за 20 отсто, што може да резултира и со поскапување на храната.

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button