ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарскиот историчар Топалов обвинува: Македонските историчари се фалсификатори!

Бугарскиот професор Кирил Топалов, член на Мешовитата историска комисија ги обвини македонските колеги за фалсификување. Според него токму ова е изворот на тешкотиите за изнаоѓање решение за спорните историски прашања.

„Ние сме убедени дека тие многу добро ја познаваат историјата, но тие се свесно добро обучени фалсификатори на историјата“, рече Топалов.

Од македонска страна се воздржуваат од суштинска реакција на интервјуто на Топалов. Ко-претседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев, за Алсат вели дека ваквите изјави излегуваат надвор од пристојното ниво на комуникација.

„Очигледно е дека тие имаат јасна политичка цел за внатрешна употреба, со што се врши притисок врз сите напори и идеи за надминување на недоразбирањата. Македонскиот дел од комисијата останува посветен на процесот на разговори со бугарските колеги, со сета своја професионалност и експертиза и во согласност со искуствата и со нормите на Советот на Европа и на УНЕСКО за начинот и методите на надминување на ваквите политичко-историски спорови“, рече Ѓоргиев.

Инаку, во интервјуто за БГНЕС, Топалов и од политичка призма ја искоментира македонската евроинтеграција, при што прстот го впери во Србија.

„Македонската власт и двете основни партии пред јавноста симулираат желба за влез во Европската унија и ја користат Бугарија како алиби, дека наводно Софија им ја запира европската интеграција. РСМ никогаш нема да влезе во ЕУ пред Србија. Белград нема да ја пушти. Една друга голема сила стои зад запирањето на Србија и Македонија“, вели Топалов.

За наредната година закажани се пет седници на комисијата.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button