ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарскиот Совет за безбедност утре на средба за Македонија и Албанија

Непосредно пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје, претседателот Румен Радев утре во Софија го свика Советот за безбедност на кој ќе се разговара за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и за улогата на Бугарија во интеграцијата на С. Македонија и Албанија.

По неколкудневен молк за посетата на Петков, во интервју за МИА се јави и мандатарот Ковачевски. Петков најверојатно ќе пристигне во земјава само еден ден откако Ковачевски ќе ја преземе премиерската функција. За Ковачевски формирањето на новите влади во Софија и Скопје е можност и надеж за разговори.

„Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји. Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес.”

Ковачевски додава дека она од што Скопје нема да се откаже во текот на преговорите е правото на самоопределување, посебниот идентитет и јазик.

Со позитивни намери доаѓа и Петков на 18 јануари. Тој изјави дека Софија не го променила својот став кон С. Македонија, но ќе го гради со поголема соработка меѓу двете држави. Ќе се формираат пет работни групи кои ќе преговараат во соодветните области како инфраструктура, економија, култура, евроинтеграции и историја, најмалку во следните шест месеци.

Fatlume Dervishi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button