ВЕСТИРЕГИОН

Бугарските социјалисти без одлука дали ќе ја поддржат владата на „Има таков народ“

Бугарската социјалистичка партија сѐ уште нема донесено конечна одлука дали ќе го поддржи кабинетот на најголемата парламентарна сила „Има таков народ“, изјави пратеникот на БСП, Стојан Мирчев за Бугарското национално радио. Според Мирчев, тоа би се случило во наредните еден или два дена и ќе зависи од позициите на останатите протестни партии „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!“. Инаку, според него, математички нема начин да се избере влада на Бугарија во Националното собрание.

И покрај сличноста на повеќето приоритети меѓу БСП и „Има таков народ“, треба да се види дека има доволно луѓе во Националното собрание кои ја сакаат оваа промена. Според него, доколку не биде прифатена владата на „Има таков народ“ и на БСП му се даде трет мандат, тогаш ќе разговараат со актуелната техничка влада и таа ќе остане како редовна. В среда се очекува да се гласа за предлог владата на „Има таков народ“ во бугарскиот Парламент.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button