ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарското МНР: Нема предоговарање на рамката

Изнесувањето идеи за предоговарање на веќе преземени меѓународни обврски, би довело само до ново оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ, пишува бугарското МНР.

Бугарското Министерството за надворешни работи му порача на новиот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, дека веќе преземените меѓународни обврски не може повторно да се преговараат и дека тоа би довело само до ново оддалечување од почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји членки на ЕУ и самата Северна Македонија јасно ги опишува чекорите за постигнување вистински напредок во процесот на европска интеграција на соседната држава“, пишува во објаснувањето на МНР, пратено до бугарската агенција БГНЕС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button