ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бугарското вето немало влијание врз трговијата со Македонија

Бугарското вето за европскиот пат на Македонија предизвикува недоверба врз бизнис-релациите помеѓу двете држави, но сепак трговската размена не се намалила значително. Со стабилизирање на политичката сцена во Бугарија, од Македонско – Бугарската стопанска комора велат дека економијата е таа што сега треба да го пробие патот и да воспостави подобрување на меѓусоседските односи помеѓу двете земји.

„Како бизнис, не се одрази многу тоа вето, но се одрази врз самата доверба помеѓу бизнисмените. Сега малку повнимателно се гледа на работите и малку повнимателно се одлучуваат да инвестираат кај нас. А, ние како помала и пофлексибилна економија, имаме постојан раст на трговската размена со нив“, рече Кирил Лазаров, Претседател на Македонско-Бугарска стопанска комора.

А, ден пред доаѓањето на новиот бугарски премиер Кирил Петков во Македонија, со отворено писмо се огласи и Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

„Малку ли е тоа што Европејците ни се смеат за нивото на економска соработка кое 30 години е 4,5% до 6% од вкупниот обем на македонската трговска размена со светот и за едноличната структура на трговијата. Ни се смеат и за четирите часа што ни се потребни со кола да прејдеме 150 километри меѓу двата наши главни града и што 30 години не можеме железнички да се поврземе“, рече Бранко Азески претседател на Стопанска комора на Македонија.

Лани трговската размена помеѓу двете земји изнесувала околу 700 милиони евра. Речиси идентична е вредноста како на увезената така и на извезената стока од земјава во Бугарија. Во Бугарија има регистрирано илјадници компании од страна на граѓани од Македонија, а околу 30-тина се поголеми. Бугарите во Македонија инвестираа во финансискиот сектор, фармацијата и бизнисот со канабис.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button