ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи кажа што мисли за барањето да падне неговата политичка глава

Бујар Османи кажа што мисли за барањето да падне неговата политичка глава

Бујар Османи ги оквалификува како глупости информациите објавени во медиумите дека наводно неговото име и функцијата министер за надворешни работи се барало да бидат „жртва“ за смирување на тензиите во таборите на ДУИ. Османи не сакаше да каже од кого дошле такви информации до медиумите…

„Ги видов тие коментари на враќање од Њујорк синоќа. Тие се глупосту што не заслужуваат коментари“, рече Бујар Османи, ДУИ.

Коментирајќи ги случувањата, Османи рече дека со изјавата на Ахмети завршила приказната за поделби во ДУИ. Поради посетата во странство, Османи не се најде на списокот со незадоволни функционери ниту на неделниот настан во Гостивар.

„Мислам дека по вчерашната изјава на Али Ахмети оваа приказна заврши. Не можам да додадам ништо повеќе од она што го кажа Ахмети пред неколку денови“, додаде тој.

Ден по ултиматумот од функционерите на ДУИ, лидерот на оваа партија Али Ахмети изјави дека ДУИ изградила структури кои не ги потресуваат темелите на партијата и оти таа може да функционира и без незадоволните, потенцирајќи ги имињата на Изет Меџити, Блерим Беџети , Муса Џафери. Но, тој го додаде и сопственото име на листата на лица без кои ДУИ може да опстане.

Во саботата 20 функционери на ДУИ, меѓу кои потпретседатели, градоначалници, пратеници и членови на извршната власт, испратија писмо со ултиматум до првиот човек на ДУИ, изразувајќи го своето незадоволство од владиниот кабинет на партијата, ставајќи акцент врз Артан Груби. Нивните барања беа да се свика внатрепартиска дебата и да се формираат партиски тела за да се зачува унитарноста.

Во дописот што го објавија функционерите на ДУИ, беше нагласен начинот на функционирање на извршната власт и лошиот изборен резултат во Тетово./Alsat.mk

Адријан Kерими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button