ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи смета дека Бугарија потклекнала на провокации

Официјално Скопје изразува жалење за одлуката на Софија да го отповика бугарскиот амбасадор. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека ваквата одлука не се заснова на аргументи, бидејќи институциите во земјава ги презеле потребните активности за расветлување на инцидентот во Охрид.

„Неодамнешните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика на меѓудржавни односи. Напротив, тие претставуваат потклекнување на провокации од нивна страна кои сакаат да ги нарушат напорите за позитивен развој на односите меѓу двете земји. Министерството за надворешни работи изразува жалење за овој чекор кој го оценуваме како неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален“, рече Османи.

Овие коментари министерот Османи ги даде во Собранието на седницата за пратенички прашања. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ праша дали МВР ги има во предвид препораките на претседателот Стево Пендаровски да им забрани влез на некои бугарски државјани во земјава за денот на раѓањето на Гоце Делчев. Имено, по седницата на Советот за безбедност, Пендаровски изјави дека на 4 февруари група Бугари, меѓу кои и политичари, планирата да дојдат во Скопје за да учествуваат на манифестацијата за одбележување на денот на раѓањето на Делчев и оти има информации дека оваа група може да предизвика инциденти. Одговори премиерот Ковачевски:

Милошоски не беше задоволен од одговорот. Тој рече дека Владата и претходно дозволувала провокативни изјави на бугарски претставници.

Милошоски побара од властите во земјава да реагираат на постапките на официјална Софија и тамошните политичари.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button