ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Буш: Во рок од 2-3 дена пристигнуваат телата на жртвите

Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи за Алсат, наведува дека стапиле во контакт со роднините на жртвите, како и дека ги испратиле во институтот за судска медицина да добијат ДНК тестови.

„Ние како министер за внатрешни работи во текот на целиот ден преземавме низ секторите за внатрешни работи почнувајќи од Дибра до Скопје. Контактиравме со роднините на жртвите, па ги испративме во институтот за судска медицина да направат ДНК тестови, рече Буши.

Тој наведува дека нема ништо официјално и се уште не се знае причината зошто се случило и ги чекаат бугарските власти.

„Се уште немаме ништо официјално, чекаме, не ги знаеме причините за што, чекаме истрага од бугарските власти, а во наредните денови ќе ве информираме се. Се очекува телата на жртвите да пристигнат во рок од два или три дена”.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button