КОШАРКАСПОРТ

Чаир 2030 после победата над МЗТ Скопје, го декласира и Вардар на домашен терен

Чаир 2030 влезе во нова победничка низа во македонското првенство со триумф на домашен терен против Вардар од 104-80.

Advertisements

Чаирчани текот на средбата го најавија уште во првата четвртина која ја добија со 26-7, а продолжија во одлично темпо и во нападот за предност од +28 (58-30) на полувремето. Избраниците на Erхан Рамадани продолжија да го диктираат темпото и до самиот крај за петиот триумф во сезоната.

Со 38 поени, 11 скокови и 5 асистенции Кели беше прво име кај Чаир, додека 12 поени и 15 скокови за Вардар постигна Стивенс.

Значајна победа забележа и Кожув кој на домашен терен славеше со 82-74 против Куманово. Убедливата втора четвртина во која гевегеличани постигнаа 34 поени, а примија 21 им донесе позитива која беше задржана до самиот крај на средбата. Во третата и последната четвртина Куманово успеа да се врати на негатива од еден напад, но налетот на гостите беше спречен и победата заверена со серија од 9-0 во последните четири минтуи. Со 21 поен и 5 скокови Стевановиќ го предводеше Кожув, додека 23 поени и 8 скокови за Куманово забележа Радукиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button