КОШАРКА

„Чаир 2030“, со 5 победи во првите 5 недели

Актуелниот лидер во Втората лига на локалната кошарка, екипата на „Чаир 2030“ забележа нов триумф во новата сезона и по досега одиграните 5 кола се уште не е поразена. Екипата „Чаир 2030“ викендов ја совлада екипата на „Црн Дрим“ со резултат 98-87, за да го засили врвот на Втората лига. Во другите натпревари, екипата „Соколи 1933“, со 2 поени предност го совлада Вардар во гостински терен со резултат 81-79, а висока победа забележа „Баскет КАМ“ кој во Битола ја совлада Хераклеа, со резултат 63-88. Доста ефикасен беше натпреварот меѓу Шкупи и Партизан Водно кој заврши со резултат 97-100. Да потсетиме, чаирската екипа досега има акумулирано 10 бода и ја држи првата позиција со бод повеќе од Соколи 1933 на второто место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button